Недела, 20 часот – “Broadchurch” на Телма
Детективскиот инспектор Алек Харди доаѓа во Броудчрџ, мирно крајбрежно градче каде што треба да дојде на работното место на Ели Милер во локалната полиција. Првиот ден од работното место му започнува бурно откако го наоѓаат на плажата телото на 11-годишното момче Дени Латимер, за кое на почетокот се претпоставува дека се работи за самоубиство, но …
Анализите покажуваат дека е извршено убиство. Алек и Ели ќе се соединат да го пронајдат убиецот кој најверојатно се крие помеѓу навидум “совршените“ жители на мирниот град. Малото приморско место одеднаш станува заплеткано во тајни и мистерии, каде секој нешто знае и секој ништо не знае. Случајот привлекува големо медиумско внимание и станува главна линија околу која ќе се врти целото дејство на крими серијата “Broadchurch”.
Серијата премиерно на телевизија Телма беше емитувана пред повеќе од една година, а сега се емитува репризно и тоа секоја недела во 20 часот, пред новите епизоди на “Зона на самракот”.
“So Close” од Ólafur Arnalds и Arnór Dan е одјавната песна на првата сезона, а пак втората сезона завршува со “So Far”. Улогите на главните детективи ги толкуваат Дејвид Тенант и Оливија Колман.
Дани | ТВ Пакет