Фондацијата „Тоше Проески“ одлучи да ги заштити делата на нашата легенда од секакви злоупотреби. Како ексклузивен сопственик на неговите дела, фондацијата склучи договор со канадската музичка компанија OnAir.FM за заштита на новата сеуште необјавена песна која го носи насловот „Све је ово премало за крај“.
Ексклузивно, видеото со песната „Све је ово премало за крај“ на Тоше Проески ќе биде прикажано во петок, точно во 12 часот на www.onairmusic.mk.
OnAir.FM Macedonia ги известува фановите на Тоше Проески да не ги злоупотребуваат видео клиповите со преаплоадирање на разни Youtube канали бидејќи со таков чекор само одмагаат кон целта да се зачува културното богатство кое зад себе го остави Тоше.
Крис Манев | ТВ Пакет