Освен мексиканската теленовела „Сестри“, Скај Нет телевизија започнува со прикажување на премиерни филмови секојдневно. Филмовите ќе се емитуваат во 21 часот, со реприза следниот ден во 14:30 часот, а освен на Скај Нет телевизија, ќе се прикажуваат и на другите регионални телевизии ширум земјава. Веќе неколку години, оваа телевизија нема емитувано никаква играна програма, па со оглед на новитети кои ќе ни ги понуди и одвојуваме простор на овој портал.
Ви ја претставуваме филмската програма на Скај Нет во 21 часот:
Понеделник (24 март) – Гејси (Gacy) – биографска приказна за животот на серискиот убиец Џон Вејн Гејси, одглумен од маестралниот Алек Болдвин. Вторник (25 март) – Канскиот измамник (Cannes man) – необична комедија во која се појавуваат многу холивудски актери како специјални гости. Четврток (27 март) – Тајната на Карлита (Carlita’s Secret) – акциона приказна за една невина девојка која криејги го својот идентитет, ќе разреши едно големо убиство и една голема нарко мрежа. Улогата на Карлита ја толкува Ева Лонгорија. Петок (28 март) – Дамер (Dahmer) – американски хорор филм за серискиот убиец Дамер, толкуван од Jeremy Renner. Вторник (1 април) – Колку ме сакаш? (Combien tu m’aimes ?) – француска романтична комедија од 2005 година, во главната улога настапува Моника Белучи. Четврток (3 април) – Олд бој (Old boy) – нов мистериозен трилер, базиран на јапонски манга јунак.
Ова се само дел од филмските наслови кои ќе ги гледаме на локалните телевизии, а следните недели ќе се емитуваат филмовите: 16 Blocks, End game, The tenats, Today you die, Vampire clan, Rambo 4, The contract.
Дани Петковска | ТВ Пакет