Водителка без гаќи и со длабоко деколте минатата недела го интервјуирала српскиот премиер Ивица Дачиќ. Тоа всушност не бил вистински разговор, туку Дачиќ е последната жртва на познатиот серијал во оваа земја на скриена камера со наслов „Невозможна мисија“. Авторот со своите соработници успеал да направи ситуација во која никој од обезбедувањето на премиерот не можел да претпостави дека ќе се заврши со соопштение дека премиерот е жртва на „Невозможна мисија“.
Штосот бил во тоа што наводната водителка договорила ексклузивно интервју со претседателот на Владата на Србија. Снимањето на емисијата е направено во студио на една позната телевизија, чиј сопственик, како ни вработените, исто така не претпоставувале дека тука ќе се снима „Невозможна мисија“.
Идејата на авторот била да тестира на кој начин ќе реагира српскиот премиер кога ќе забележи дека водителката не носи гаќи додека разговара со него. Дали ќе остане прибран и сталожен, какви ќе му бидат одговорите и концентрацијата и дали ќе и упати било какво прашање на водителката врзано со ситуацијата и дали Дачиќ ќе го направи до крај интервјуто, ќе се знае утре во премиерата на споменатиот серијал.
Крис Манев | ТВ Пакет