Вчеравечер на Охрид му се случи лудилото наречено „The Prodigy“, а со тоа Авалон продукција го финишираше првото издание на фестивалот „Охрид колинг“. Голема доза на адреналин циркулираше на стадионот кој беше преполн со страствените фанови на британската музичка сензација.
Изведбата на „Firestarter“, „No good“, „Smack“ и „Omen“ ја запалија сцената, а членовите на групата оствари завидлива интеракција со публиката. Концертот траеше околу час и половина, а пред „The Prodigy“ настап имаа и двајцата најавени диџеи кои одлично ја загреваа публиката за музичката експлозија која следуваше. The Prodigy Official на социјалната мрежа Инстаграм објави фантастични фотографии од концертот и најави враќање во Македонија.
„The Prodigy“ најавија донација за настраданите од поплавата која деновиве го зафати Скопје.
Крис Манев | ТВ Пакет