Почетна / Серии / Продолжуваат репризи во прајмтајм на Телма, следна „Единствен излез“

Продолжуваат репризи во прајмтајм на Телма, следна „Единствен излез“

„Единствен излез“ (2021) е нова серија и претставува една психолошка приказна која може секому од нас да му случи. Ана, во еден пожар, ќе го загуби својот сопруг, но и сеќавањето на таа пресудна ноќ. Таа, после некое време поминато во кома, со својот син Лука, продолжува да живее во постојано талкање од реалниот живот – во напади на паника и големиот предизвик да ја прифати загубата на сопругот.


За да биде ситуација позастрашувачка после шест години, Ана добива снимка на која што го гледа сопругот и почнува да верува дека тој е жив. Како ќе се соочи со минатото?
Во овој заплеткан круг на насилство, лаги и уцени, улогата на Ана Колар и е доверена на Анѓелка Прпиќ, нејзиниот фимски сопруг е, Јанко Поповиќ Волариќ, ја гледаме прекрасната Даница Максимовиќ, Љубомир Бандовиќ и нашите Никола Ристановски и Тони Михајловски.


Серија во која не се открива кој е виновен, туку кој е помалку виновен. Дали единствениот излез е голата вистина, не потсетува Телма од понеделник до петок во 20.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!