Елена Ристеска конечно го објави датумот на промоцијата на нејзината најнова песна. Спотот за „Опасно време“ ќе биде промовиран на 5. ноември во 12:00 часот, кафитерија „Драма“ на улица Македонија спроти ресторанот Пелистер. Ристеска со оваа песна и спот супериорно се враќа на сцената во досега невидено издание по едногодишна апстиненција. Спотот е снимен на дваесетина локации низ Скопје и Охрид во период од една седмица. Како режисер се потпиша Даниел Јовески, а покрај Елена во спотот играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви.
Ивана Таневска | ТВ Пакет