Почетна / Сапуници / Прочитајте ја содржината на новата викенд љубовна драма на Сител

Прочитајте ја содржината на новата викенд љубовна драма на Сител

Сабота и недела навеечер на Сител во 22.40 часот, нова турска играна серија. “Заробено срце” е љубовна приказна за двајца млади кои веруваа во нивната љубов и се бореа за заедничка среќа.

Фирузе е млада и убава девојка која студира архитектура. Таа потекнува од сиромашно семејство; нејзината мајка Алије работи како чистачка, а нејзиниот татко Јашар e градежен работник. Поради лошата финансиска ситуација, Фирузе, исто така, работи и се обидува да го издржува своето семејство.

Еден ден, таа случајно налетува на сиромавиот Ајаз по што двајцата се вљубуваат и започнуваат тајна романса, криејќи се од насилниот татко на Ајаз. Двајцата млади носат голем товар на своите рамена, но со силата на љубовта и довербата, тие решаваат да се венчаат што е можно поскоро.

Сепак, судбината ќе ги раздели одеднаш. Дента кога треба да се венчаат, мајката на Ајаз во самоодбрана го убила таткото. Затоа, Ајаз во име на семејството, донесува тешка одлука и ја жртвува љубовта кон саканата.

За да ја спаси својата мајка, Ајаз склучува договор со моќниот бизнисмен Ертан кој ќе ја спаси мајката на Ајаз од решетки, а за возврат, Ајаз ќе треба да се ожени со Берак, помладата сестра на Ертан која има психолошки проблеми.

Берак гае платонска љубов кон Ајаз и сака да се омажи за него, па нему не му преостанува ништо друго освен во една таква ситуација да го прифати непристојниот предлог. Бега без ниедна трага, оставајќи ја Фирузе скршена од болка, тажна, разочарана, не можејќи да сфати зошто Ајаз ја оставил.

По 2 години, таткото на Фирузе, кој работи на едно од градилиштата на богатиот Ертан е обвинет за една несреќа во која животот го загубиле многу работници. За да го спаси имиџот на холдингот, Ертан решава да го обвини Јашар, да лажира докази и сведоци како би ја постигнал целта.

Сакајќи да го спаси татка си, Фирузе ќе реши да се вработи во холдингот на богатите и да ги најде снимките од видео камерите кои ја докажуваат невиноста на татка си. И сега, повторно се среќава со Ајаз, но горчината е сега посилна од желбата за прошка и љубов.

Сиромаштија и раскош. Љубов и предавство. Среќа и тага. Ќе може ли таа да прости затоа што тој ја остави? Ќе може ли да се заборави болката во заробеното срце или одмаздата кон саканиот ќе значи да се жртвува сопствената среќа?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!