Почетна / Живот / Прочуениот доктор Оз зборува за диетите

Прочуениот доктор Оз зборува за диетите

 

Која е најпопуларната тема поврзана со здравјето за која постојано ви бараат совети?
Слабеењето.  Секој ден би можеле да правиме емисија за слабеење, никогаш нема да биде здодевна.  

Која е според вас најдобрата диета ?
За мене најдобра е Медитеранската диета. Постојат три типа на луѓе според начинот на кој јадат:
 
1. Емоционални „јадачи“, обично имаат чувство на дупка во стомакот и  се обидуваат да ја наполнат со храна.  
2. Сензитивни „јадачи“ кои кога ќе видат каква било реклама што се однесува на храна, тие сакаат да јадат.
3. Редовни „јадачи“ кои јадат редовно, на пример крофна наутро и доцна навечер обилна вечера. И само затоа што имаат таква навика, ќе се здебелат.

Сите тие мораат да ја приспособат диетата, секој на различен начин. Медитеранската диета обрнува внимание на овие три типа луѓе.  Присуството на Омега 3 во храната може да се справи со емоционалните прашања, храната е сладострасна, така што сензитивните јадачи ќе бидат задоволни, а затоа што се јаде цел ден функционира за редовните јадачи.

 

Кој е најголемиот мит поврзан со слабеењето?
Најголемиот мит е дека диетите се ефикасни. Го кажувам ова со „половина уста“, но концептот дека со самоограничување може да се надмине биолошката желба за храна, е заблуда.
 
Кога навистина сакате да ослабете, заборавете на диетите и размислувајте како да   „го поттурнете“ телото така што тоа природно ќе ве однесе во времето кога сте биле послаби.  Тогаш и биолошкиот дух  ќе го поддржи тоа што сакате да го направите.
 
На пример, јадењата што го намалуваат копнежот по храна, се ефикасни.  Навиките со кои се редуцира прејадувањето, функционираат. Токму затоа слабите луѓе се слаби.  Тие мислат дека дебелите луѓе се мрзеливи, а дебелите мислат дека слабите луѓе се среќни, но ни едните ни другите не се во право.  Слабите луѓе  создале или наследиле навики за да изгледаат така и по природа тие се по активни.

Каков совет ќе им дадете на оние што не сакаат да вежбаат?
Ако сте физички слаби, најдобро е да почнете со одење. Не мислам на обично  шетање низ паркот, туку тоа треба да биде енергично одење со брзо темпо.  Со овој едноставен начин можете да сторите многу за вашето здравје.
 
За оние што се појаки физички, препорачувам јога.  Ќе ви даде емоционална поддршка додека вежбате, а на крајот ќе имате повеќе енергија затоа што медитацијата е обично дел од јогата.

Јас секое утро 7 минути правам јога вежби. Тоа им го советувам на сите затоа што најчести оправдувања на луѓето се: „Немам време“,„Не сум јас за тоа“. Но, кога треба да вежбате во својата соба само 7 минути дневно, навистина нема оправдување. Да бидеме реални, никој не е толку зафатен да не може да одвои 7 минути во текот на денот за ваков сет вежби- кратки се,  додека да почнете, ќе треба да завршите.

Колку е важно вежбањето?
Фактор број еден за долговечност е секојдневното вежбање. Тоа е превенција за многу проблеми што се јавуваат со годините. Истото важи и за други активности како танцувањето, шетањето или работењето во градина. Важно е да запаметите дека ќе биде тешко само да се откажете од лошите навики, затоа морате  да ги замените со добри навики.

Кој е најдобриот совет за здравјето што некогаш сте го дале?
Секогаш кога одите во продавница, однесувајте се како да сте влегле во аптека. Има моќни состојки во храната на рафтовите и затоа треба да јадете храна израсната од земја, што изгледа така и кога ја јадете.

{gallery}072013/doktor{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!