Младата македонска пејачка Теа ви ја претставува својата нова песна „Ехо“. Песната има душа, песната има приказна која ве тера да размислувате, песната е љубовна химна. Целиот пакет „Ехо“ е толку симпатично спакуван што едноставно е невозможно да не ви се допадне. Модерниот звук по кој оваа пејачка веќе станува препознатлива е толку факинг заразен што нема да ви дозволи оваа песна да ја слушнете само еднаш, рипит не ви бега, оке?
Теа, или Теодора Трајковска, на јавноста и е позната по претходниот хит „Ми треба малку време“ кој долг период не се симна од топ листите на радио станиците, а според коментарите на социјалните мрежи оваа песна ќе биде уште подобро прифатена. Песната ја создадоа Лазар Цветковски и Милан Миланов во соработка со самата Теа. Видео записот е дело на Горила Продукција, во режија на Горан Костадинов. Дечкото, кој покрај Теа се појавува во спотот е танчерот Јакуб Мунко, а за кореографијата се погрижи Адријана Данчевска.
Во прилог е видео записот на Теа: