Тагата на Радован Стошиќ по Александра Накова го натера него да направи нешто неочекувано. Додека Алекс го тешеше во племето тој од неа побара да го замоли Владо, поглаварот на Борука, нему да му ја додели потрагата по имунитетот за да отиде и да ја види Александра. Се ќе беше добро доколку Андрија не го најавеше новиот пресврт во шоуто.
Имено, продукцијата овој пат одлучи да не додели потрага по таен имунитет, но Андрија на Радован му понуди нешто што тој не сакаше да го одбие. За да замине на Островот на исфрлените, потребно беше да се согласи дека во следниот Племенски совет ќе влезе со еден глас против себе. Радован ја прифати понудата затоа што знаеше дека така ќе ја види својата симпатична Македонка.
Па… дали на оваа средба се случил толку зборуваниот секс?
Дознаваме веќе вечерва во новата епизода на Сител телевизија.
Chris | ТВ Пакет