Почетна / Серии / Реприза на драмата „Судијката од Седар Ков“ и ова лето на Телма

Реприза на драмата „Судијката од Седар Ков“ и ова лето на Телма

Реприза на ТВ серијата “Седар Ков” на Телма и наутро и попладне

 

“Судијката од Седар Кoв” е романтична драма во 36 продолженија, која се емитуваше на Телма неколу пати досега, а сега повторно со репризно прикажување од понеделник до петок во 16.40 часот. Базирана е на бестселер на Деби Мекомбер. Во улогата на судијката ја гледавме Енди Мекдауел, а во продолжение потсетете се на содржината :

Содржина:

Дејството се случува во едно мало, преубаво приморско место кое се вика Седар Кoв и се наоѓа во северниот дел на Америка, а е познато по своите преубави пејсажи. Во тоа местенце живее судијката Оливија Локарт, која е судијка на сите граѓани на Седар Кoв, затоа што целиот живот, и денот и ноќта, ги поминува решавајќи ги проблемите на граѓаните. Некогаш нејзините случаи се спорови меѓу нејзините соседи, но често и граѓански парници, па така покрај правничкото знаење, таа успева целосно да ги разбере ситуациите и луѓето кои доаѓаат по правда.

Од друга страна, новинарот Џек Грифин ги истражува и пишува за пулсот и проблемите на народот, па така тие проблеми ќе го доведат до Оливија со која ќе започне љубовна врска. Но, на патот на нивната среќа ќе се испречат нивните деца, и тоа ќерката на Оливија – Џастин и синот на Џек – Ерик. Тука е и нејзината напорна мајка Шарлот и нејзиниот бивш маж, кој не останува мирен и сака да си ја поврати љубовта на сопругата. Многу приватни и многу деловни проблеми ќе ја засегаат судијката од Седар Кoв. Таа ќе мора да балансира помеѓу кариерата, семејството, љубовта и најважно од се’, да работи за граѓаните да можат да живеат во мирот и спокојот кој секогаш го имале.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!