Родителите на Боки во солзи поради промената на полот
Веста дека Бојан Јовановски наскоро во една белградска клиника ќе го промени полот ги шокираше неговите родители, Јасмина и Миле Јовановски преку медиумите дознале дека наместо син наскоро ќе имаат ќерка.
„Боки секогаш ја имаше поддршката од родителите и никогаш немаше проблем да им објасни зошто повеќе работи во животот ги прави поинаку од останатите, но операцијата и промената на полот особено ги потресе. Кога видоа на интернет која вест е вест на денот во Србија, веднаш го побараа да му кажат колку се потресени“, вели за Ало извор близок на семејството Јовановски.
„Бојан е поврзан со своите родители и без размислување се врати во Скопје за да зборува со нив и да им ги објасни деталите околу тоа. Ги затекна со солзи во очите. Не кој начин ги убеди дека е нешто што тој го сака, не знам, но ситуацијата некако се смири. Верувам дека сега се ќе биде во ред, па дури и оти ќе бидат со него во моментите кога ќе влегува во операционата сала“, додаде изворот.
Chris | ТВ Пакет