Почетна / Серии / „Роза на ветрот“ наскоро на Сител телевизија

„Роза на ветрот“ наскоро на Сител телевизија

 

„РОЗА НА ВЕТРОТ“
наскоро на Сител телевизија

 

 

„Роза на ветрот“ е хрватска теленовела од авторот Динко Палек. Режисери на серијата се Никола Иванда, Тања Голиќ, Александар Јанковиќ и Андрија Мардешиќ. Првичниот наслов на серијата беше „Клан“, но подоцна преименуван во „Роза на ветрот“. Серијата во Хрватска се прикажуваше на РТЛ телевизија во 20:00 часот, а како конкуренција имаше турска серија на Нова телевизија. Беа снимени две сезони со вкупно 340 епизоди. На серијата работеа околу 130 луѓе, од кои актерите ги сочинуваа 21. Серијата се снимаше на простор од 900 метри квадратни.

Содржина на првата сезона:
Во цнетарот на приказната е љубовта меѓу двајца млади, од различни поднебја и сосема различни фамилии. Таа е Инес Матошич, млада и енергична деовјка, ќерка на сплитски адвокати. Тој е Марко Одак, наследник на татковиот бинис, создаден од сомнителни зделки.

Многу сплетки, необјаснети родителски постапки кога се во прашање децата, љубовни разочарувања и превари, политички и бизнис подметнувања, пријателства кои се раѓаат и гасат се дел од приказната за Ружа Ветерова. Три семејства – Матошич, Одак и Јелавич, на прв поглед сосема различни и неспоиви, но во текот на серијата ќе се откријат семејните тајни од минатото и сите фамилии ќе се спојат во една голема испреплетена приказна на љубовта и омразата.

Матошич се стара сплитска фамилија која со години се знаимава со правото и која живее во голем стан во стариот дел на Сплит. Во нивниот дом се чувствува студeнило, сивило и недоверба.

Одак потекнуваат од далматинскиот дел, а се збогатиле со граѓанска работа во деведесеттите, и тоа на сомнителен нечесен начин. Тие се традиционални семејни луѓе кои се договараат и живеат заедно, но наскоро на површина ќе испливаат многу нивни тајни кои ќе ги разнишаат нивните врски.

Јелавич се обични луѓе од народот кои макотрпно заработуваат за живот. За разлика од богатите фамилии, во нивниот дом живеат мирот, довербата, слогата и топлината.

Улоги: Matko Knešaurek, Anja Alač, Robert Kurbaša, Nives Ivanković, Frano Lasić, Branka Pujić.

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!