Нов серијал на TLC – Големите неверства
За голем број разводи меѓу брачни другари како и разделби меѓу несудени партнери, неверството е главна причина за разделба. Голем е процентот на партнери кои изневеруваат, исто колку што е голем и бројот на оние кои воопшто не се сомневаат во партнерот дека сторил неверство.
Што кога изневерениот ќе си ги отвори очите и сфати дека во нивната заедничка приказна постои и трета личност?
Новиот серијал „Големите неверства“ кој ќе се прикажува на TLC, е реалити формат со сценарио кое прикажува приказни за неверството од реалниот живот. Скршени срца, разочарување, душевна болка, бес… Дали можат да простат?
Од опасни љубовни триаголници до жешки афери, секоја епизода се врти околу три лика кои ги споделуваат своите сомнежи и сведоштва. Следете го серијалот „Големите неверства“ на TLC од понеделник, 1 февруари во 19:30 часот.
Дани | ТВ Пакет