Почетна / Забава / Свечено закроена лозата во Винарија Стоби

Свечено закроена лозата во Винарија Стоби

 

Со верска литургија, молитвата на Свети Трифун и првата закроена лоза во годината од сопственикот на винарницата, Минчо Јорданов, во Винарија Стоби беше одбележан празникот на лозарите, овоштарите и градинарите. Свети Трифун и оваа година беше повод во Стоби да се сретнат енолозите, лозарите и сите љубители на вино на голема прослава и со многу желби за плодна и успешна година.

 

 

– „Закројување на лозовите насади тука во Винарија Стоби е повеќе од традиција или верски чин, тоа за нас е надеж и верба дека ќе имаме плодна година а лозјето ќе биде слатко. Затоа самиот чин налага присуство на што повеќе луѓе за сите да се обединиме во искрените желби за лесна работа на лозарите и богат гроздобер кога сите повторно ќе прославуваме“, изјави директорот на холдингот Перминдекс, во кој влегува Винаријата Стоби, Никола Деребанов.

По чинот на закројување, виновите лози беа попрскани со осветената вода, по што следуваше прошетка низ лозовите полиња на Винарија Стоби. На традиционалната прослава на којашто присуствуваа неколку стотини лица, соработници, партнери, претставници на јавниот живот гостите ги забавуваше групата Љубојна.

Паралелно со почитувањето на традицијата, Винаријата Стоби, важи за модерен производен капацитет кој работи според современи европски стандарди и опремена со најнови технолошки достигнувања како и неспоредливи системи за филтрација кои придонесуваат за континуирано висок квалитет на виното. Капацитетот на винарската визба е 4,5 милиони литри на годишно ниво со над 15 сорти распределени во четири категории – традиционални, класик, елит и премиум. Производството се базира исклучиво на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од 600 хектари.

{gallery}022014/05{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!