Седма сезона со Жаре и неговата “Еден на еден” – секоја сабота
Во сабота (28 ноември) со почеток во 19:15 часот, веднаш по централните вести на Телма, започнува новата, седма сезона од шоуто “Еден на еден”. Емисијата започна пред седум години на А2 телевизија, потоа премина на Алфа, а сега ќе се емитува на Телма, но водител останува и понатаму познатиот Жаре.
Дел од снимањата на тизерите за седмата сезона освен Жаре, беа и Игор Џамбазов, Чомовски, Трендо, Миле Паника, кучето Петко.
Дани | ТВ Пакет