Амди Бајрам побара извинување од пратеникот Горан Мисовки откако се почувствува навреден при една негова изјава. Мисовски во Парламентот рече дека во Македонија се воведуваат закони од позицијата исто како законите на црнците и белците.
Еве како реагираше Амди Бајрам на неговата изјава:
“Црнци и белци! Не навреди, затоа што јас припаѓам на црнците. Затоа што јас сум муслиман. Смејте, се, смејте се вас ви одговара. Но не во ред. Јас сум муслиман. Има муслимани црнци. Има овде и позиција и опозиција, постојат овдека разни националности. Верски нацизам не треба овдека да ширите во Парламентот. Моментално ја знаете ситуацијата во Македонија каква е и што и знаете што се дешава во Република Македонија, ги подгреавате овие работи и сакате да ги проширите работите и во Парламентот. Барам од вас едно јако извинување према пратениците и јавноста на Македонија. Друг пат да не ви се деси овде во парламентот тоа.”
Chris | ТВ Пакет