Од понеделник до петок во 20:30 часот
Од творците на “Истрага” (Сител) и “Борген” (Сител, Телма) доаѓа нова данска серија која на Телма телевизија ќе се емитува од понеделник до петок во 20:30 часот. “Наследство” е семејна драма, која за разлика од другите дански серии не се занимава со убиства и психолошко откривање на ликовите во светот на политиката и криминалот, туку навлегува длабоко во свеста и раните на модерните семејства во скандинавските земја.
Дејството се одвива на имотот на Гронегарден на југот на островот Фин. Вероника Гронегард е позната уметничка која живее богат и ексцентричен живот уште од шеесетите години на минатиот век. Таа има четири деца, кои живеат сосема различни животи затоа што секое од децата имало различно детство.
Изненадната и неочекувана смрт на Вероника ги собира децата повторно заедно, кои се собираат за да би го поделиле наследството од мајка им. Но, Вероника целиот свој имот го остава на ќерката Сигна, која ја дала на посвојување и која дотогаш не била ни свесна која е, која и е мајка, ниту пак свесна дека е голема богаташка. Тоа е само момент на откривање на мрачните тајни и лаги во семејството.
Дани | ТВ Пакет