Почетна / Серии / Серијата за „Баба Ванѓа“ вечерва стартува на Сител ТВ

Серијата за „Баба Ванѓа“ вечерва стартува на Сител ТВ

 

Вечерва на Сител телевизија започнува мини серија во 12 продолженија, надсинхронизирана на македонски јазик. „Баба Ванѓа“ е продуцирана од филмските компании „Фаворит-Фильм“, „Film.ua“ и „New Wave Production“ за првиот канал на Руската државна телевизија. После промоцијата во Израел на 25 август 2013 и на Првиот канал во Русија на 18 септември 2013, серијата започна да се емитува и на бугарската национална телевизија од 19 март 2014, а сега и кај нас.

 

 

Улогата на Ванѓа ја толкуваат пет актерки и тоа Елена Јаковлева (Ванѓа на постара возраст); Ирина Рахманова (на средна возраст); Наталија Николаева (на млада возраст); Дарја Отрошко (на 12 години); и Кристина Пакарина (на 7 години). 

Во серијата учествуваат и бугарски актери како Албена Ставрева, Анастасия Ингилизова, Даниел Димов, Ивайло Герасков, Кирил Ефремов, Красимир Ранков, Любо Нейков, Николай Мутафчиев, Николай Урумов, Руслан Мъйнов, Стоян Алексиев, Сашка Братанова и др.

Содржина:
Серијата започнува со остварувањето на едно од предвидувањата на Ванѓа, за тешка несреќа во Русија, после настанот ја посетува руска телевизиска екипа. Во групата на новинари вклучена е и една млада репортерка Алиса Варажескаја која е потресена од предвидувањето за потонувањето на руската подморница „Курск“. Ванѓа посакува да зборува само со неа и и го раскажува целиот свој живот. Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош. Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна. Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта. Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

 

Способностите на една силна и мудра жена е загатката на ХХ век, а за нејзе постојано кружат разни легенди.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!