„ТИТАНИК“
од вечерва по „Судбината на Фатмаѓул“
По повод 100 годишнината од потонувањето на Титаник, снимен е уште еден телевизиски спектакл под наслов „Титаник: Крв и челик“. Со буџет од 30 милиони долари за 12 епизоди, оваа серија изобилува со сцени кои ќе ви го одземат здивот.
За разлика од сите досега видени филмови и серии поврзани со најголемата бродска несреќа во историјата, оваа серија не се концентрира на моментот на потонување на Титаник, туку на моментот кога тој почнал да се гради. Ова е приказна за луѓето кои се одговорни за неговиот дизајн и градба. Гледачите ќе може да се запознаат со местото и времето каде е создаден Титаник. Иако дејствието се одвива во Белфаст, голем дел од сцените се снимени во Белград и Крагуевац.
Главните улоги ги играат: Kevin Zegers, Liam Cunningham, Alessandra Mastronardi, Derek Jacobi, Neve Campbell, а несомнено дека големо внимание ќе привлече и Chris Noth, познат по улогата на Ѕверката од серијата „Сексот и градот“.
| ТВ Пакет