Иако продукцијата Емоушн најави дека новата сезона на регионалниот „Big Brother“ ќе се реализира во септември и оти ќе се емитува на Прва, РТЛ, Сител и други регионални канали, сега оттаму соопштуваат дека оваа сезона гледачите сепак нема да го гледаат изданието на обичниот „Big Brother“.
„Есенската шема на РТЛ е фокусирана на многу нови проекти. Гледачите ги подготвуваме за новата драмска серија со познати актери во главните улоги и новата хумористична серија, а не очекува цела сезона од пролетниот хит, квизот ‘На тоа никој не се сети’, како и многу филмови и серии од Paramount и Disney со кои се обновени договорите. ‘Големиот брат’ се враќа на програмата на РТЛ наредните сезони“, изјави ПР-от на РТЛ, Наташа Роксандиќ.
Проектот се реализира со средства од повеќе регионални телевизии, но еден од главните вложувачи е токму РТЛ телевизија, што значи дека без нив истиот нема да види бел ден.
| ТВ Пакет