Почетна / Сапуници / Сиело е носталгична кон „Ангелите“

Сиело е носталгична кон „Ангелите“

 

Вчеравечер (недела) фановите во Аргентина се збогуваа со своите идоли „Teen Angels“. Музичката група што се роди во серијата „Casi Angeles“ одлучи на 17-ти јуни да биде одржан еден од последните концерти со што ќе се стави крај на долгогодишното дружење. По тој повод, поранешната членка на оваа група, Емилија Атиас, на својот Твитер профил напиша носталгичен статус посветен на своите поранешни колеги.

 

 

Атиас, која беше дел од оваа група само во 2007-та година, односно дел од првиот состав, порача: „Не можам да ви опишам колку ве сакам ангечиња мои. Прекрасни сте и навистина ми недостигате, го мразам ова збогување. Ми недостигате“, со емоции напиша преубавата Сиело од „Ангели“, а потоа продолжи да се задева со својата поранешна колешка од серијата Еухенија Суарез (Хасмин).

 

 

За успешната серија „Casi Angeles“ беа снимени четири сезони, од кои, во Македонија на А1 телевизија се емитуваа само три.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!