Почетна / Забава / „Симпл мајндс“ го запалија Скопје вчеравечер

„Симпл мајндс“ го запалија Скопје вчеравечер

 

„Симпл мајндс“ вчеравечер во СРЦ „Кале“ ги кренаа скопјани на нозе враќајги ги во времето на осумдесетите години!

 

 

Спектакуларен концерт беше одржан во организација на Авалон Продукција како дел од концертната турнеја на легендарната рок-група. Се започна со македонскиот легендарен бенд „Мизар“ кои го отворија концертот онака како што само тие знаат. Нивните најголеми хитови публиката ги слушна во интерпретација на Сашо Гигов – Гиш, салата буквално грмеше од неговиот глас, но тоа беше само почеток и најава за она што следува.

 

Кога Џим Кер и музичарите се појавија на сцената публиката буквално збесна, сите песни беа отпеани заедно со фановите од збор до збор. Џим се пошегува кога виде колку млади луѓе дошле на концертот, па ги запраша дали нивните родители им раскажувале за „Симпл мајндс“. Исто така тој се запраша колку ли Александровци има во салата со огледа на тоа дека ова е Македонија.

Сцената изгледаше светски затоа што групата настапи со сопствена опрема, односно светло и озвучување. Се изгледаше моќно, енергично и легендарно, каков што е самиот бенд. На концертот присуствуваа и многу почитувани личности меѓу кои и претседателот Ѓорге Иванов и некои од министрите. Сцената беше дополнително збогатена и со настапот на вокалистката Сара Браун која пееше и изгледаше феноменално.

 

 

На крајот беше отпеан најголемиот хит „Don’t You Forget About Me”, момент кој сите присутни на концертот ќе го паметат уште долго време, бидејќи беше величествен. Во еден момент Џим рече дека тој би требало да и плати на публиката за одличното пеење, а не тие нему.

{gallery}032014/simple{/gallery}

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!