Хрватската серија „Роза на ветрот“ е укината на Сител телевизија после 80 емитувани епизоди. Како одговор на реакцијата на гледачите соопштуваме дека Сител, како и секаде во светот, укинува серии кои не се гледани, во конкретниот случај откупена е само првата сезона на „Роза на ветрот“ и нова можеби ќе имаше, ако немаше толку очаен рејтинг во однос на се друго што се емитува на Сител во моментов. Серијата не се емитува на овој канал уште од четвртокот.
Крис Манев | ТВ Пакет