Изминатиот петок на струмичкиот плоштад на видео бим се емитуваше големото финале од музичкиот проект „Сите наши песни“. По повод победата на струмичанките Тања, Александра и Гонце се организираше концерт на кој настапија дел од испаднатите кандидати: Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски, Елисавета Кошевац, Владимир Пасинечки, Кристина Костовска, Мартин Данчев, Стефан Давидовски, Катерина Геогриева и Тони Андреев.
Изненадувачки, но реално. Овие млади, талентирани луѓе веќе се препознатливи на улица. Концертот за кој немаше никаква промоција беше и повеќе од успешен. Плоштадот во Струмица беше полн, а кандидатите презадоволни. Честитки за овој голем успех и почеток на нивните блескави кариери. Во прилог се фотографии од настанот.
{gallery}072013/nasi-pesni{/gallery}
| ТВ Пакет