Почетна / Живот / Скандалозната скулптура ќе биде „облечена“!

Скандалозната скулптура ќе биде „облечена“!

 

Скулптурата на Прометеј која неодамна беше поставена во паркот „Жена борец“ во Скопје предизвика бурни реакции од граѓаните уште во првиот момент кога ја видоа. „Голиот маж“, како што сите го нарекоа, делувал вознемирувачки за повеќето женски невладини организации. На нивно барање митолошкиот јунак наскоро ќе биде „облечен“ и неговите гениталии повеќе нема да бидат видливи за минувачите. Уште при првата реакција Општина центар донесе одлука да се покрие скулптурата со црвено платно, па сега граѓаните можат слободно да прошетаат во паркот без да се плашат дека ќе видат гол задник и пенис.

 

 

Авторот на грандиозниот споменик „Паднати херои“ Томе Аџиевски вели дека нема ништо спорно во неговото уметничко изразување Прометеј да се претстави гол, меѓутоа кај нас народот се уште не прифаќал такви дела. Откако било побарано да се покрие телото, тој направил анализи и одлучил да стави наметка која се обвиткува околу телото.

„Наметката ќе го отсликува духот на античкото време, ќе биде нежна и скулптурата нема да ја загуби својата еротичност“, изјави тој за „Вест“.

 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!