Навивач на Лидс Јунајтед успеа да се пробие на теренот и со двете раце жестоко да го удри во главата голманот на Шефилд Венсдеј, Крис Киркланд на завчерашниот натпревар од англиската Чемпионшип лига.
Инцидентот изби непосредно откако Киркланд прими гол во 77-та минута, кој го постигна Тонга за израмнување на 1:1. Со тој резултат натпреварот заврши на стадионот Хилсброу, познат по трагедијата во 1989 година, кога загинаа 96 навивачи на Ливерпул. Веднаш по нападот на Киркланд му беше пружена лекарска помош, па тој успеа да остане на теренот до крајот на мечот. Хулиганот кој го удри Киркланд веднаш побегна на трибините, но фотографии со неговиот лик веќе се објавени во медиумите, па полицијата наскоро и ќе го санкционира.
Мартин Манев | ТВ Пакет