Телекабел ја тргна Скај Нет од својата понуда
Од пред неколку седмици, скопската локална телевизија Скај Нет е тргната од кабелските оператори. Причините за тоа не се познати, но она што може да се забележи е дека на онлајн сервисот на телевизии Макс тв сеуште ја има, но и дека таму веќе долг период не емитува никаква програма освен музички спотови.
Не се емитуваат никакви емисии од сопствена продукција (како План за среќа, Засолниште на имагинацијата, Урбан стил, Нема љутиш…) ниту пак играни филмови и серии кои премиерно се даваа секојдневно на Скај Нет. Скај Нет е позната како една од најстарите скопски телевизии, која емитуваше комерцијална програма составена од серии, филмови, емисии и музика.
Што се случи со Скај Нет, не знаеме, но се надеваме дека телевизијата повторно ќе се врати во старо руво, онаква каква што ја знаеме.
Дани | ТВ Пакет