Во состав на програмата „Silvio Santos“ што се емитува на бразилската телевизија SBT, неодамна беше прикажан најновиот скеч снимен со скриена камера. Имено, се работи за трик кој ги преплаши случајните „жртви“, а насмеа милиони луѓе ширум светот.
Идејата е навистина оригинална, лифтот се заглавува, снемува светлина, а тогаш настапува „духот“. Малото и бушаво девојче со кукла во рацете кое наликува на девојчињата од хорор филмовите одлично си ја заврши работата. Во прилог е скечот.
Крис Манев | ТВ Пакет