Почетна / МК Сцена / Слаткаристика ќе се „отвара“ – билетите во продажба

Слаткаристика ќе се „отвара“ – билетите во продажба

 

Откако го најави својот голем концерт „Oтварање“ на 2-ри номеври во Борис Трајковски арена, Слаткаристика не запира со подготовките за истиот. Сериозноста на проектот кој со себе носи сценарио за секој блок песни, учеството на многу гости, како и исполнување на повеќе од 20 песни, го стави Слаткаристика под строг режим овој период. Подготовки со бендот, кондициони тренинзи и снимање на видео материјали кои ќе бидат дел од концертното шоу, се секојдневие на нашиот најдобар рапер.

Тимот на Слаткаристика кој за самата организација ќе има помош и од многу волонтери најавува спектакуларно доживување вечерта на 2-ри ноември. Не пропуштајте да се Отворите заедно со Слаткаристика и Џабест и купете си билет за концертот веќе од денес, 2-ри октомври. Билетите се во продажба во Југотон, Розе-Веро2, и Камарад-Рамстор, а низ Македонија, во дистрибутивната мрежа на МК Тикетс (mktickets.mk). Првите 100 кои ќе купат билет во Југотон ќе добијат подарок- ДВД од концертот на Слаткаристика во Метрополис Арена, во 2009-та година.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!