Од понеделникот, скопската МТМ телевизија ја збогати својата програма со уште една серија, се работи за латино-американската теленовела „Слатка тајна“ (Dame chocolate) во 150 епизоди која се емитува во 18:20 часот со повеќе репризи во текот на денот и ноќта. „Слатка тајна“ и „Аурора“ кои се емитуваат на МТМ ќе почнат наскоро и на телевизиите во другите градови.
Љубов, чоколадо и предавство се главните мотиви во приказната за убавата Росита од едно зафрлено мексиканско село. Росита од дедо и ќе го наследи мајанскиот рецепт за правење на чоколадо, по што ќе замине на Флорида со надеж дека таму ќе успее во животот, исполнувајќи ја желбата на својот дедо. Таму ќе го запознае Брус, убавиот наследник на чоколадната империја. Но, неговата мајка Грејс нема да биде одушевена од Росита и ќе стори за да ја исфрли од неговиот живот.
Кога Телемундо за прв пат ја претстави теленовелата во месец мај 2006. година, во актерската екипа беа вклучени Маурисио Окман во улогата на Брус, Зарик Леон во улогата на Саманта и Ерик Елиас во улогата на Анхел. Меѓутоа, Окман ја доби главната улога во „Марина“, Леон ја глумеше Илуминада Урбина во „Вдовицата во бело“, а Елиас и се придружи на актерската екипа на новелата „Зоро“. Затоа главните улоги на „Слатка тајна“ ги добија Карлос Понсе и Хенесис Родригез. Серијата содржи елементи од повеќе серии и филмови како што се серијата Грдата Бети, филмовите за Теми, The Beverly Hillbillies и No Holds Barred.
Дани Петковска | ТВ Пакет