„Аси“
нова турска хит серија
Ова е моќна приказна за љубовта која е попречена од минатото. Силниот лик на Аси го игра Tuba Büyüküstün, која на македонската публика веќе и е позната од серијата „Под сенката на врбите“, додека улогата на главниот машки лик му припадна на Murat Yildirim или за македонската публика мега популарниот Саваш од „Љубов и казна“.
Серијата изобилува со преубавата музика на Naila Yutsevera и со прекрасна фотографија и пејсажи.
Со сигурност можеме да кажеме дека оваа серија го заслужува епитетот на една од најдобрите турски серии, за што говори и фактот што оваа серија покрај во Турција, се емитувала и во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија и земји од Блискиот исток, при тоа секаде постигнувала голема популарност.
| Официјален newsletter на Телевизија Сител