Се ближи 19. ноември, денот на кој Ријана ќе го издаде својот нов лбум „Unapologetic“, а своите фанови ширум светот веќе ги израдува со кратките верзии од песните што ќе се најдат на него. Имено, на седмиот студиски албум Ријана се појавува со Еминем, Дејвид Гета како и нејзиниот поранешен-сегашен-иден дечко Крис Браун. Песната што ја сними со својот драг симболично ја нарече Nobody’s Business. Интересно е тоа што Ријана една недела пред објавувањето на албумот ќе одржи турнеја наречена 777 со која ќе посети 7 држави. Концерти ќе бидат одржани во Париз, Берлин, Торонто, Њу Јорк, Лос Анџелес, Стокхолм и Лондон.
Ивана Таневска | ТВ Пакет