Давид Темелков е ново лице на македонската музичка сцена, тој својата кариера ја започнува со емотивна балада која никого нема да остави рамнодушен.
Песната „Молитва“ е комплетно авторско дело на Андреј Миске и неговата Miskebeat Production, чиј ексклузивец е токму Давид Темелков. Во продолжение слушнете ја најемотивната македонска песна досега.
– „Се се случи толку спонтано, но и премногу брзо. За еден ден снимивме речиси се, искрено многу сум задоволен од тоа колку добар производ излезе на крајот, се надевам дека ќе и се допадне на јавноста“, вели Темелков.
Давид Темелков веќе две години активно работи во Македонска Опера и Балет, најпрво како волонтер, а потоа хонорарно. Темелков е студент на Музичката Академија во Скопје на отсек соло пеење. Во слободно време Давид работи и како личен фитнес тренер.
| ТВ Пакет