Почетна / МК Сцена / Слушнете ја песната која ќе не претставува на Евровизија

Слушнете ја песната која ќе не претставува на Евровизија

 

Прво место од публика и второ од интернационално стручно жири го направија Даниел Кајмакоски победник на Скопскиот фестивал кој се одржа вечерва во Метрополис Арената во Скопје. Победничката песна „Есенски лисја“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Австрија следната година.

 

 

Второ место на фестивалот освои Тамара Тодевска со „Брод што тоне“, а трето Евгенија Чанчалова – Еги со „Да не те сакам“. Првото место, односно Даниел, добива награда и од 20.000 евра, Тамара со второто место добива 10 илјади евра, а Чанчалова 5 илјади евра.

Во ревијалниот дел настапија поп ѕвездите Каролина и Калиопи кои дадоа сјај на целата манифестација и го засенија натпреварувачкиот дел. Каролина ги отпеа „Од нас зависи“, „Две лири’, a во име на прерано починатиот Даниел од Авалон, ја прими наградата за негов посебен придонес во македонската музика и во таа чест ја испеа „Кој да ми запее“. По неа, следуваше и Калиопи која првата песна му ја посвети на Димитар Масевски, кој доби награда за животно дело. Потоа ги отпеа и „Не заборавај“ и евровизиската „Црно и бело“. Водител на манифестацијата беше Васил Зафирчев.

 

Во продолжение, слушнете ја македонската песна за Евровизија 2015, следува настапот на Кајмакоски:

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!