Почетна / Живот / Соларниот полнач не издржа ниту една недела!

Соларниот полнач не издржа ниту една недела!

 

Соларниот полнач за мобилни кој пред неполна недела беше поставен на плоштадот Македонија е речиси уништен. Голем дел од каблите се искинати, а само прашање на време е кога и останатите два ќе исчезнат.

Соларниот полнач за мобилни телефони се наоѓа во близина на споменикот на Јустинијан Први. Тој ја конвертира сончевата енергија во електрична преку фотонапонски панели, и ги имаше речиси сите можни кабли, приклучоци и пинови за разните модели на телефони.

 

фото: Андроид Македонија

Инаку, неодамна беше нагрдена и скулптурата на Срамежливата Венера во Градскиот парк, и тоа по вторпат откако надлежните ја исчистија.

И после зошто споменикот на Александар Македонски бил толку високо качен? Море за овој народ само така – да се гледа, а сепак да е недостижно! Си знае Владата со какви си имаме работа ние во Скопје, ај ти.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!