Почетна / Телевизија / Соопштение од ТВ Алфа

Соопштение од ТВ Алфа

 

 

На официјалниот сајт на ТВ Алфа денеска осамна соопштение во врска со вчерашниот скандал – цензурата на Васко Ефтов. Во него тие објаснуваат дека емисијата не била емитувана заради избегнување на било какви манипулации. ТВ-пакет во целост го пренесува соопштението:

 



“Заради избегнување на било какви манипулации во врска со последната епизода од серијалот “Во Центар“ на програмата на Алфа телевизија, менаџментот сака да запознае јавноста со нашиот став за овој случај:

Од самото формирање телевизија Aлфа е свесна за општествената одговорност што како медиум ја има во однос на влијанието врз формирањето на мислењето и гледиштата на нашите гледачи. Од почетокот Алфа има критички однос кон сите појави, постапки и однесувања, без оглед од која страна доаѓаат, кои не се во интерес на јавноста или кои можат да бидат заменети со подобри решенија.

Тоа секогаш јавно сме го кажувале. Нашата принципиелност ја задржавме кога некои сметаа дека по А1, Алфа ТВ треба да биде таа што ќе продолжи со нивната политика, а истите принципи ги задржавме и кога некои сметаа дека со првите владини реклами Алфа ТВ ќе ја промени својата уредувачка политика.

Алфа ТВ работи само и единствено во полза на граѓаните и јавноста. Тоа секојдневно и успешно го прават вработените нашата телевизија, посебно од информативната програма преку вестите и дебатните емисии. И секогаш со аргументи, факти и презентација на ставовите на сите инволвирани страни.

Новинарите на Алфа ТВ позитивно одговорија на барањата и апелите до сите медиуми од Советот за Радиодифузија, од Здружението на новинари,  од опозиционите партии, од странскиот фактор, Владата на РМ, како и Претседателот на државата во ова тензично време со своите извештаи да придонесуваат за толеранција и да одбегнуваат говор на нетрпеливост, поделби и омраза.

За жал во конкретната емисија на приватната продукција повеќепати од неколку соговорници, како поддршка на тезите на водителот, се истакнува дека во Македонија соживотот и коегзистенцијата се невозможни,  дека Македонија никогаш нема да биде функционална држава, за на крај, да се заврши со тоа дека Македонија е привремена држава!?

Овие тези секако може да се дебатираат, но не во време во кое сите релеватни фактори во државата повикуваат на толеранција и одбегнување на потпалување на страстите.

Алфа е убедена дека не само што соживотот е можен и неопходен туку и дека, со заеднички напор на сите во оваа држава, може и убаво да се живее.  Затоа сметаме дека е апсолутно неадеквадно на нашата програма да се презентираат тези и ставови кои го поткопуваат она во што самите веруваме и на што, во крајна линија, се базира и постоењето на нашата држава. Причините заради кои некој пласира вакви тези за нас се ирелеватни, а превезот на слобода на изразување и манипулација со поимот цензура е премногу прозирен во конкретниот случај.”

 

 

 

Chris | ТВ-пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!