Почетна / Живот / Со животно осигурување за побезбедна иднина

Со животно осигурување за побезбедна иднина

 

1. Винер Лајф постои веќе неколку години на македонскиот пазар. Сепак, за просечниот македонски граѓанин поимот животно осигурување сеуште преставува нецелосен концепт, односно голем дел од граѓаните не се свесни за бенефитите од овој вид на осигурување. Зошто е потребно да се има животно осигурување?

Животното осигурување, бележи значителен раст во последните години, особено по појавувањето на се поголем број на компании кои ја нудат оваа услуга и голем избор на квалитетни производи.
Купувањето на животна полиса, полека станува тренд во Македонија, граѓаните се повеќе стануваат свесни за нејзиното значење и бенефитите, се грижат за иднината на своите најблиски и поради тоа одлучуваат да инвестираат во нешто што има долгорочно траење и извесен резултат. Потребата од едукација за потребата на овој концепт на осигурување сеуште трае во нашата земја, во споредба со земјите од регионот. На пример, во Австрија се регистрирани поголем број на полиси за животно осигурување, отколку број на граѓани, што говори за високата свесност на Австријците за важноста на поседување на полиса за животно осигурување. Во Србија и Хрватска, стапката на пораст на полиси за животно осигурување исто така бележи рапиден пораст. Сепак, оптимисти сме дека и во Македонија граѓаните се повеќе ќе стануваат свесни за оваа потреба. Животната полиса е еден вид заштита од неизвесната иднина, а во денешното динамично време, размислувањето на долг рок за заштита, а истовремено и штедење, колку и да изгледа како далечен концепт, станува се понеопходно. Секој од нас треба да се грижи за сопствената иднина, како и за иднината на своите најблиски, па така преку купување на полиса за животно осигурување можеме да гарантираме сигурна иднина.

 

2. Какви производи нуди Винер Лајф? Дали се наменети само за индивидуи, или пак има и пакет-понуди за бизнис корисници или семејства?

Винер Лајф има понуди за сите потреби на граѓаните – од индивидуални пакети скроени во зависност од потребите и желбите на корисникот, до Семеен премиум, Бизнис тим пакетот, кој претставува колективно осигурување за најмалку 10 вработени од една компанија. Секој може да ја избере понудата која смета дека е најсоодветна за него и неговото семејство или пак неговите колеги, во зависност од потребите и финансиските примања на клиентот.

3. Во јавноста сеуште постои одредена перцепција дека животното осигурување е скапа инвестиција, која не е сигурно дали ќе биде исплатлива на подолг рок. Која е најниската полиса која може да се добие и како се одразува полисата за семејно осигурување врз буџетот на просечно македонско семејство?

Спротивно на популарното верување дека животното осигурување е луксуз кој може да си го дозволи само високата средна и високата класа, тоа претставува една сигурност и стабилност која сметаме дека со правилна распределба на средствата и поставување на приоритети за иднината, повеќето граѓаните ќе може да си го дозволат. Винер Лајф нуди голем избор на производи, различни ценовни пакети за секое семејство или индивидуа. Понекогаш е доволно да се откажеме од едно парче облека или ручек во ресторан на месечно ниво, за да можеме да заштедиме за иднината и на тој начин да поседуваме животна полиса. Точно е дека не можеме да размислуваме што ќе се случи за 5, 10 години и дека најчесто сме сконцентрирани во сегашноста и блиската иднина во стилот ,,живеј за денес” но што ќе се случи доколку навремено размислуваме и во наредните години што доаѓаат направиме вистинска заштеда која може многу да значи за семејството и блиските. Тие средства кои во денешниот момент може да ги потрошиме за не толку битни работи, во иднина може да значат многу. Едноставно мора да веруваме во иднината која ја градиме за нашите најблиски, да вложуваме во неа и со позитивни мисли и ентузијазам да го живееме секој ден и момент. Животното осигурување е самоменаџирање на иднината, единствено така иднината е предвидлива.

4. Денес, на пазарот за животно осигурување постои голема конкуренција. По што се разликувате од другите и зошто потенцијалните купувачи на полиса за животно осигурување треба да го одберат токму Винер Лајф?

Винер Лајф е основана во 2010 година како дел од Виена осигурителната групација, која е една од најголемите и најмоќните осигурителни групации во регионот на Централна и Источна Европа. ВИГ е присутна во 24 земји со 54 осигурителни компании и со традиција од 190 години успешно работење.
Искуствата од регионалните пазари ни дадоа една рамка како да креираме конкурентна предност во креирање на најсоодветни пакети и производи за нашите граѓани. Не сме компанија која се врзува за одреден тип на производи и пакети, напротив постојано ги следиме потребите и барањата на пазарот и брзо ги антиципираме промените кои се потребни за да на нашиот граѓанин му понудиме квалитет и сигурност.
Филозофијата на Винер Лајф е да се трудиме да гледаме на позитивната страна на животот, да веруваме и во малите и големи нешта и на тој начин да се грижиме за иднината која може да биде уште поубава но и побезбедна.

 

5. Дали планирате лансирање на нови продукти, пакети, кои се новитетите што може да ги очекуваме од Винер Лајф?

Лојалноста и довербата од нашите осигуреници, потребно е да се негува и затоа постојано се трудиме да воведуваме новитети, интересни пакети и да понудиме дополнителна вредност за секој оној кој што ќе купи животна полиса. Пред извесно време го промовиравме новиот вредност плус производ каде на своите редовни и нови клиенти им обезбедуваме попуст во форма на кеш-ваучер, кој тие можат да го реализираат веднаш по плаќањето на премијата, или пак ваучерот да го искористат за купување на атрактивни уреди и подароци од одредена продавница. Во наредниот период планираме интерактивни настани со цел да воспоставиме и директна комуникација со клиентите. Секој нов производ што го пласираме е создаден врз основа на барањата и потребите на граѓаните, затоа и често се впуштаме во интерактивна комуникација со цел да го дознаеме нивните желби.
Редовното и непосредно комуницирање е со клиентите е нешто што е дел од нашата стратегија и што не издвојува од другите. Во таа насока ќе продолжиме и во иднина со цел создавање на што подобри и поквалитетни продукти.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!