Учесниците во мегапопуларното шоу „Х-Фактор“ утревечер ќе се претстават со песни од своите ментори. ТВ Пакет ексклузивно Ви открива кои песни ќе ги изведат Даниел Кајмакоски и Маид Хечимовиќ утревечер во последната полуфинална вечер од првата сезона на шоуто.
Денеска пристигна соопштение дека Даниел Кајмакоски ќе ја пее омилената песна од Жељко Јоксимовиќ, но не бевме задоволни со оваа информација па затоа се обидовме да дознаеме нешто поконкретно.
Имено, Даниел Кајмакоски ќе се претстави со песната „Љубави“, а Маид Хечимовиќ со „Леџа о леџа“, како што веќе напишавме авторот на двете песни е Жељко Јоксимовиќ.
До нашите колеги, односно медиумите:
За секоја ексклузивна информација преземена од ТВ Пакет најљубезно ве замолуваме да посочите извор.
| ТВ Пакет