Почетна / Сапуници / Спектакуларната „Најмила“ наскоро на Сител телевизија

Спектакуларната „Најмила“ наскоро на Сител телевизија

 

„НАЈМИЛА“
наскоро на Сител телевизија

 

 

Донатела и Флора, две пријателки што се претвораат во ривалки. Една од нив извршила злосторство и лаже во врска со тоа. Две верзии на иста приказна. Која ја кажува вистината? Донатела или Флора?

Донатела и Флора се пораснати заедно. Донатела ги изгубила родителите во несреќа и била посвоена од скромното семејство на Флора. Како деца, биле најдобри пријателки сé додека ги запознаваат Марсело и Доди, на кои ќе им станат девојки. Донатела се венча со Марсело, син на моќниот Гонсало Фонтити, сопственик на индустрија за хартија и целулоза, додека Флора се венча со Доди, човек кој се изборил од дното и кој работи во фирмата на таткото на негов пријател. Среќата на Донатела и Марсело трае кратко. Првото дете им е киднапирано по шест месеци од раѓање и никогаш повторно не се појавува. Оттогаш, почнуваат често да се караат. Флора се разведува од Доди и има врска со Марсело. Таа останува бремена и раѓа девојче, Лара, што ја раскинува уште повеќе врската меѓу двете пријателки. Марсело е убиен со три куршуми од пиштол кој подоцна се открива дека го држела Флора. Таа е затворена и разделена од ќерка си Лара, на тогашна возраст од три години.

 

 

Флора е осудена на 18 години затвор како казна за злосторството. Донатела не и простува на својата пријателка и ја одгледува Лара. Осумнаесет години подоцна, Флора излегува од затвор и сака да ја докаже својата невиност обвинувајќи ја поранешната пријателка за злосторството. Донатела, пак, се плаши Флора да не и се доближува на Лара, на која и вели дека ја сака како да и е вистинска ќерка. Но, Лара се интересира за караницата меѓу двете жени кои некогаш биле пријателки. Додека животната цел на Флора е да и се доближи на ќерка си, Донатела ќе прави се што може за да го спречи тоа.

 

 

 

 

Б. К. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!