Овој филм во деведесеттите години беше вистински хит, го гледаа и стари и млади, а беше обожуван и од самите телевизии кои безмилосно го репризираа се додека не им досади на сите. Се работи за група немирни деца кои за себе мислат дека се способни за се, освен за тоа да бидат нормални деца. Тие се креативни, самостојни, досетливи и романтични. Филмот е снимен во 1994-та година, но во Македонија беше актуелен до крајот на деведесеттите, бидејќи постојано го репризираа. Актерите кои глумеа во овој филм тогаш беа деца. Годините минуваа, се измени се, а секако и тие. Во продолжение се потсетуваме на нивната некогашна дружба, а потоа гледаме како изгледаат сега.
Chris | ТВ Пакет