Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Срам на денот – Телма на кајрон емитува вести од февруари

Срам на денот – Телма на кајрон емитува вести од февруари

За многутте репризи летово на телевизија Телма веќе во неколку наврати пишувавме. Покрај сериите кои се репризираа за време на целиот прајмтајм, а филмовите во викенд термините, место во програмата на Телма најдоа и репризи на емисии, емитувани во претходната сезона.

Една од тие е и “Телма амбуланта”, па во продолжение ќе претставиме еден пример. Емисија емитувана уште во февруари се репризираше на Телма денеска, 11 септември. Но, не само што се репризираше целата емисија, туку во пакет со неа и кајроните за вести кои “вртеле” во февруари за време на премиерното емитување на оваа емисија.

Па така во септември, гледачите можеа да се “информираат” дека започнала воена операција во Украина, дека НАТО немало да праќаат војници во Украина, дека светот започнал со осуда за војната, дека претседателот Пендаровски свикал Совет за безбедност и дека Украинците веќе започнале да ги напуштаат домовите и да емигрираат од татковината.

Серизони сте, Телма? Во септември почна бегалскиот бран кон Полска и другите земји од Европа? Во септември претседателот свика Совет за безбедност поради почеток на воената операција? Во септември почнаа украинските медиуми да јавуваат за 40 загинати војници и 10 цивили???

Тотално аматерски. Ако веќе сте одлучиле да репризирате сè и сешто, па меѓу што и стари емисии, тогаш бар тргнете го кајронот со тогашните вести од екран кои ги збунуваат гледачите. Истите вести не се актуелни сега, туку биле актуелни тогаш!

Ова е само еден пример кој очигледно се повторува при секое реемитување на стари емисии за здравство во програмата. За среќа, од утре (12 септември) емисиите започнуваат со нови сезони, па нема да читаме за почеток на руска инвазија во Украина и тоа … во месец септември.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!