Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 4-иот ден

Срвајвр – пресек на 4-иот ден

Додека Борука се мачат со несоницата која им ја предизвикаа бучните мајмуни, Матамбо се исцрпени од гладот и ладното. Со оглед на тоа дека немаат оган, осудени се да јадат исклучиво кокос, а празниот стомак засега најмногу ја мачи Мартина.

 

Пресек на 4-иот ден


Кога дојде време за првиот племенски совет, уште на самиот старт Миа признава дека очекувала тешки услови за живот, но не и оти луѓето ќе бидат чудни и променливи. Мартина повторно се жали дека најмногу ја мачи гладта и оти звукот на џунглата не и дозволува да спие. Додека натпреварувачите се жалат на водителската двојка, Јелена вели дека е сигурна оти таа ќе излезе прва. Иако шминкерката најпрво сама изрази желба да излезе, а потоа се предомисли, сега огорчена на екипата Матамбо, фрла со дрва и камења по своите соплеменици.

 

Никој не се вознемирува особено, освен Мартина која бара од Јелена да и објасни под која основа таа мисли дека натпреварувачите во Борука се подобри луѓе. Поглаварот Невен, кој соплемениците го прекрстија во Кралот Џулијан поради ликот од цртаниот филм, е единсвениот кој е заштитен од гласањето. Неизвесната борба меѓу Кристина и Јелена ја затвора последното ливче на кое беше напишано името на Јелена. Таа го напушти своето племе и замина на Островот на отфрлените. Но пред тоа, Јелена добива можност да фрли клетва на еден од своите досегашни соплеменици.

 

 

Клетвата е негативен глас кој ќе се смета на следниот племенски совет, доколку натпреварувачот кој добил клетва стане поглавар во меѓувреме, клетвата се поништува. Првата клетва ја добива Невен. Матамбо се враќа во својот камп, но овој пат со подарок, тие добиваат кремен за да конечно запалат оган на својот остров.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!