Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 5-иот ден

Срвајвр – пресек на 5-иот ден

Прво утро после Племенскиот совет. Во Матамбо се задоволни со заминувањето на Јелена, а таа е незадоволна со условите на својот нов остров, момците од Борука се незадоволни од мрзеливоста и караниците на своите цимерки, девојките од Борука повторно ги вкрстија копјата. Доаѓа време за избор на новите поглавари, Себастијан е изборот на Борука, а Мартина на Матамбо.

 


Пресек на 5-иот ден

 

Над убавите плави морски длабочини, Андрија ги пречека натпреварувачите на двете платформи покрај голот. Ќе се игра играта ракомет на вода, а племето кое прво ќе освои 12 поени добива награда. Помеѓу големата порција свежи риби и опремата за риболов, поглаварите на двете племиња  одлучија да се борат за јадиците. Голман на Барука е Себастијан, додека мрежата на Матамбо ја брани Никола. Поради изедначувањето, Алекс паузира.

 

Првиот гол го дава Влада за Борука и отвора победничка низа, која ја затвора Станија. По добрите шеги, меѓусебното борење и максималното ангажирање, Борука го победува Матамбо со 12:5 и задоволно тргнува на островот со опремата за риболов. Во Матамбо се разочарани, но овој пораз сепак не успеа целосно да го спупшти нивниот дух.

 

Прославата во Борука не трае долго. Момците повторно се нервираат, бидејќи девојките ништо не сакаат да работат, па така тие мораат самите да готват додека нивните цимерки уживаат. Натпреварувачите дочекуваат уште една ноќ на Костарика…

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!