Родителите на средношколците од училиштето „Пидмонт“ во Калифорнија сеуште се во шок поради писмото што го добиле од директорот Рич Киченс, во кое тој ги информира дека нивните ќерки тинејџерки присилно биле натерани да учествуваат во нешто што било наречено „Лига на курви“, јавува Тројка.
Учеството на таканаречениот натпревар им овозможувало на машките ученици да освојуваат бодови за „документарен ангажман во сексуални активности“ со девојките учеснички. Според калифорниското училиште, оваа вознемирувачка практика се одвивала шест години без училишната управа да дознае за тоа.
„Учеството обично било изнудувано со притисок и манипулација од страна на постарите ученици, што вклучувало и алкохол. Девојките најчесто не биле свесни во што се впуштаат“, изјавува надзорничката Констанс Хабард која нагласува дека оваа приказна не смее да се преувеличува.
Ивана Таневска | ТВ Пакет