Почетна / Телевизија / Српската серија „Семејно богатство“ повторно на ТВ, овојпат на Алфа

Српската серија „Семејно богатство“ повторно на ТВ, овојпат на Алфа

 
“Породично благо” – на Алфа, во 22 часот
 
 
Семејната комична драма “Породично благо”, своевремено емитувана на А1 телевизија, од денеска (22 јули), започнува повторно на тв екраните. Српската серија ќе се емитува од понеделник до петок во 22:00 часот на Алфа телевизија. Снимена е од 1998 до 2002 година во 62 епизоди, а во главните улоги настапуваат Михајло Јанкетиќ, Небојша Глоговац, Жика Миленковиќ, Светлана Бојковиќ, Мина Лазаревиќ, Вукашин Марковиќ, Војин Четковиќ, Данило Лазовиќ и други.
 
 
 
 
Главните јунаци во оваа серија се членовите на белградското семејство Гавриловиќ. Дедото, таткото, сопругата и нивните три деца. Дедото Трајко Гавриловиќ кога бил млад закопал еден ќуп сп злато во нивниот двор. Неговиот син Гаврило сакајки да реши еден семеен проблем ќе земе пари од претпријатието каде што работи. Се надевал дека парите ќе успее да ги врати пред да забележат…
 
На Гаврило не му успева да се раздолжи и тој решава да го продаде имотот на што го наследил од татко му. Дедо Трајко упорно го убедува да не го продаде и му кажува дека таму има закопано богатство. Гаврило не го слуша својот татко. Мисли дека тој е сенилен и дека не знае што зборува. 
 
Имотот е продаден, но долгот не е вратен. Малерот што го придружува Гаврило во овој период го следи и сега. Тој, наместо да ги врати парите, заглавува уште повеќе и дозволува парите од имотот да му ги земе секретарката на неговиот директор.
 
Новиот сопственик на плацот со закопаното богатство дознава дека во неговиот двор се крие азно. Но, открива и дека сега ќупот е во дворот на соседот кој некогаш порано ја поместил оградата од неговиот двор во дворот на дедо Трајко.
 
 
 
За да си го врати делот од дворот што му припаќа Тихомир од Власотинце, новиот сопственик на имотот, прави план: Тој го наговара својот братучет да се ожени со ќерката на соседот Пандуровиќ. Тихомир успева во својата намера, го пронаоѓа златото и ќе го однесе во банка. Заради некои случајни околности Тихомир и неговиот вујко Житомир завршуваат во затвор, а внукот Ѓоша почнува да го троши златото.
 
Дедо Трајко ја дознава целата ујдурма од својот поранешен сосед и добар пријател Пандуровиќ и ќе се обиде да си поврати златото. Но, тоа е сега преполовено заради алчноста на Ѓоша… Но, дедо Трајко сепак успева да си врати барем дел од своето богатство, кое им го подарува на своите внуци.
 
 
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет
 
 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!