Кои се 12-те кандидати кои влегуваат вечерва во големата куќа?
Вечерва со почеток во 21 часот на Алфа телевизија стартува ново телевизиско шоу, овојпат македонско. Се работи за музичкото реално шоу “На иста адреса” кое од денес па во следните 100 дена ќе се емитува на Алфа. Ќе се емитува секој ден во 20:30 часот, со вклучувања преку денот во 14:40 часот.
Гледачите заинтересирани и веќе со претпоставки дека се работи за шоу слично на “Операција Триумф”, каде потенцијалните пејачи би живееле изолирани во куќа 100 дена, би учеле пеење и би се натпреварувале. Но, дали се работи за веќе познати пејачи или можеби сосема нови? Каков ќе биде, сепак, концептот, ќе дознаеме вечерва.
Алфа телевизија во тајност ги чува кандидатите кои ќе се вселат во луксузната вила вечерва, заедно со стилистот и познатиот дизајнер, но затоа објави фотографија од кандидатите кога биле мали.
Единствено се открива името на едниот од трите водители, и тоа е Марко – Дај побрзај. Шоуто си доби и насловна нумера, чиј композитор е Роберт Билбилов, а ја изведува Елена Ристеска. Песната од денес се врти по радио станиците, а вечер ќе ја чуеме повторно.
Дани | ТВ Пакет