Резултатите од анкетата што ја спроведе изминативе денови порталот „Факултети.мк” покажа дека убедливо најомилен македонски производ се Стоби флипс на компанијата „Витаминка”. Во анкетата учествувале точно 731 испитаник. Анкетираните имаа можност да наведат кои им се трите најомилени македонски производи, како и да образложат зошто токму нив ги избираат.
Очекувано, најмногубројни се прехранбените производи, а помалку се застапени и производи од македонската текстилна и чевларска индустрија.
Еве кои се топ 10 најомилените македонски производи според бројот на освоени гласови:
1. Стоби флипс
2. Прозводите на Алкалоид (Бекутан, креми… )
3. Златен даб
4. Европа (крем банани, Јадран…)
5. Скопско пиво
6. Вината на Тиквеш
7. Сок Вива
8. Производи од Swislion (Агроплод) – (еурокрем, блок чоколадо…)
9. Производите на Винчини
10. Здравје Радово (сирење и кашкавал)