Почетна / Забава / Супер ексклузивен концерт на кралот на латино поп музиката во Скопје

Супер ексклузивен концерт на кралот на латино поп музиката во Скопје

 

Авалон продукција продолжува со објавата на големи и значајни музички настани оваа сезона во Македонија.

 

 

Имено, со концертот на David Guetta, започна соработката помеѓу Авалон продукција и Македонски Телеком за реализација на концерти и настапи на познати музички ѕвезди. По успешниот музички спектакл Skopje Calling 2016, во рамки на историското концертно лето во Македонија, ќе се случи еден концерт којшто навистина со право ги носи префиксите Историски и Суперексклузивен.

Концертот на Enrique Iglesias во Скопје кој ќе се одржи на 20 јуни во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“ е историски, затоа што за прв пат во Македонија доаѓа пејач којшто е од А листата на светски изведувачи, а суперексклузивен е затоа што капацитетот на салата во СЦ „Борис Трајковски“ (само 8000 карти ќе бидат пуштени во продажба) е убедливо најмал од сите простори кои Enrique во последниве десетина години настапувал низ светот.

Најпопуларниот латино заводник во Скопје доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика ќе и` се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not in Love“, „Hero“. „Tonight“, „Bailamos“, „I like it“…, кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.

Enrique Iglesias планетарната слава ја доживува со плочата „Enrique“ четири години подоцна, додека следните албуми „Escape“, „Quizas“ и „Insomniac“ дополнително му ја зацврстија позицијата како еден од водечките пејачи на светската сцена.

 

 

Кралот на латино поп музиката, како што медиумите го нарекуваат Enrique, продал над 140 милиони албуми ширум светот, а исто така тој е еден од ретките изведувачи, чиј хит сингл „Bailando“ има преку милијарда прегледи на Јутјуб, кој му обезбеди и место во Гинисовата книга на рекордите.

Iglesias е единствениот музички артист кој дури 13 пати бил на првото место на „Bilboard dance“  листата, а соработувал и со бројни светски ѕвезди и освоил значајни награди, меѓу кои и: „Grammy“, „Bilboard“, „American music award“.

Соработката со Македонски Телеком ќе продолжи во текот на целата концертна сезона на Авалон Продукција, каде најголемата македонска компанија ќе биде генерален спонзор на концертите на Nicky Romero & Lost Frequencies, Al Di Meola и The Prodigy, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2016.

Воедно, Авалон Продукција изразува огромна благодарност до сите останати компании што ја дадоа својата поддршка за претстојните концерти:

Прилепска пиварница, Космо и Тинекс, Алкалоид, Витаминка, Хјундаи, Стопанска Банка А.Д. Битола, Систина, Алтеа М, Винарница „Тиквеш“, Град Скопје и Министерство за култура на Македонија. 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!